ВИДЕО: Уште два земјотреси во близина на Кушадаси од 4,9 и 5,2 степен

По силниот земјотрес од 7 степени што ги стресе Турција и Грција во 11:51 часот, следуваа земјотреси од 4,9 степени во 13 часот и 5,2 степени во 15,14 часот.

Епицентарот на последните два земјотреси, според податоците објавени на веб-страницата earthquaketrack.com, бил во близина на островот Самос, на само триесетина километри од познатото турско летувалиште Кушадаси.

Најмалку шест лица загинаа во Турција во силниот земјотрес што денеска го погоди Егејското Море и уништи неколку згради, предизвика големи бранови кои ги зафатија крајбрежните области и блиските грчки острови.

На грчкиот остров Самос се пронајдени двајца загинати тинејџери, а уште четири лица се хоспитализирани со полесни повреди.

Во Самос се издадени предупредувања за високи бранови.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот