• самос

Приватен хеликоптер се превртил при слетување на грчкиот остров Самос

Полесно се повредени патниците од приватен хеликоптер што при слетувањето на грчкиот остров Самос, удрил во пистата и се превртил, според информациите на грчката телевизија ЕРТ. Хеликоптерот полетал од островот Парос, застанал на Самос да наполни гориво, а крајната дестинација била Турција. ЕРТ објави дека во хеликоптерот имало две лица, кои се полесно повредени.