ВИДЕО: Улична тепачка со мачети во Англија

Британска полиција
Британска полиција. / Фото: Профимедиа

На социјалните мрежи се појави шокантно видео на кое се гледа како десетици луѓе се тепаат со мачети по улиците во Брадфорд, Англија, а на снимката може да се види како едно лице е удрено од автомобил, пренесува британски Мирор.

На снимката се гледаат бројни луѓе кои викаат и трчаат на сред пат за време на улична тепачка која се случила во неделата во 4.35 часот наутро.

На снимките се слушаат врисоци додека сведоците ги снимаат шокантните сцени.

Снимката наводно била направена во текот на викендот на главната улица во Брадфорд, Западен Јоркшир.

Видеото стана хит на Твитер

„Ова се случи во Бредфорд за време на тепачка за време на викендот на главната улица, маж напаѓа со мачета, а човек беше удрен од автомобил“, се вели во описот.

 „Ова е целосно депресивно“

„Мачетите сега се апсолутна норма. Растејќи во 90-тите, немавме вакво насилство со вакви видови оружје“, вели друг корисник.

Инспекторот Дејвид Колиер од полицијата во Брадфорд рече: „Сакаме да разговараме со секој кој можеби е повреден или кој може да ни помогне да ги собереме настаните што се случија тоа утро и да разговараме со оние кои би можеле да помогнат во нашата истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот