Фото: Udinese Calcio 1896

ВИДЕО | Удинезе го понижи Милан на „Сан Сиро“

Милан доживеа непријатен пораз на домашен терен, откако во 32. коло од Серија А беше убедливо совладан од Удинезе со 0-3 на „Сан Сиро“.

Гостите до предност стигнаа во 27. минута по автоголот на Бартезаги, а само десет минути подоцна Екеленкамп зголеми на 2-0.

Во второто полувреме „росонерите“ се обидоа да се вратат во игра и притиснаа кон противничкиот гол, но наместо тоа следуваше нов удар, Ата во 71. минута ја потврди победата на Удинезе со трет погодок.

По овој пораз, Милан останува на третото место со 63 освоени бодови, додека Удинезе се наоѓа на 10. позиција со 43 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот