ВИДЕО: Убиен директорот на најголемата компанија за здравствено осигурување во САД, среде бел ден застрелан во градите

САД полиција / Фото TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, најголемата здравствена компанија во САД е застрелан и убиен утрово во како што рече полицијата “дрзок и насочен напад” надвор од хотелот во Менхетен, каде што компанијата за здравственото осигурување одржуваше конференција за инвеститори, објави АП.

50-годишниот извршен директор бил застрелан околу 6:45 часот наутро додека одел сам до хотелот. Напаѓачот како “да чека неколку минути” пред да му се приближи на Томпсон од позади и да отвори оган, изјави комесарот на полицијата на Њујорк Џесика Тиш. Полицијата сè уште не го утврдила мотивот.

Според информациите, 50-годишниот Томпсон бил застрелан во градите и веднаш по нападот е пренесен во болница, каде што е констатирана смрт.

Во моментов, како што пренесуваат медиумите, во тек е голема потрага по осомничениот напаѓач кој сè уште е во бегство.

Актуелен гувернер на сојузната држава Минесота, Тим Волц, веста за убиството, ја нарече страшна.

„Ова се ужасни вести и страшна загуба за деловната и здравствената заедница во Минесота. (Државата) Минесота ги испраќа нашите молитви до семејството на Брајан и тимот на ‘Јунајтедхелткер’“, напиша Волц на социјалните мрежи.

Фото: Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот