ВИДЕО | Трпевски: Јавна тајна е дека во автобусите се вградуваат дополнителни танкови за гориво

Дејан Трпевски, сообраќаен судски вештак
Дејан Трпевски, сообраќаен судски вештак / Утрински брифинг

Во Македонија постапката за увид почнува со излегување на јавен обвинител на терен. Тој на лице место ја води истрагата и прибира материјални докази. Присуствува екипа на крим техника од МВР. Би требало да бидат вклучени и вешти лица за сообраќај, оти увидната екипа нема знаења кои материјални докази се битни за истрагата. Што повеќе материјални докази се соберат на лице место толку полесно се врши вештачењето. За жал во Македонија тоа ретко се случува вака. Но во оваа ситуација мислам дека во Бугарија ќе бидат ангажирани вештаци, ги објаснува процедурите судскиот вештак со над 10 години искуство, Дејан Трпевски за Утрински брифинг.

-Изработката на вешт наод и мислење ги опфаќа сите фактори, меѓу кои и временските услови, видот и шарата на гумите и така натаму. Сега се уништени голем дел од доказите, но мислам дека со изјавите на преживеаните ќе се дојде до некој заклучок, вели тој.

Се зборува за можност дека во автобусот имало доградени танкови за гориво, оти цената на горивото е драстично различна.

-Првична информација беше дека автобусот излетал и се превртел. Но не е така. Да не дошло до пожар најверојатно сите би биле живи. Автобусот како превозно средство бара највисока заштита. Секаква измена бара хомологација. Вградување дополнителни резовари е недозволиво како ни пренесување запливи материи, вели Трпевски.

-Јавна тајна е дека автобусите што доаѓаат од Турција превезуваат гориво оти е драстично поевтино поради тоа што е пренесено од Сирија. И бугарските автобуси се движат така. Сите знаат, а никој не презема ништо. Не може со таа цена на аранжмани да има исплатливост. Тоа требало некој да го забележи. Ова сега е нелојална конкуренција, со илегални дејствја ги загрозуваат животите на патниците. Ако институциите преземат мерки, половина од превозниците ќе се затворат, додава Трпевски.

Вештакот Трпевски вели дека спецификата на вештачење втобус е што има голем број патници. Возачот и фирмата одговараат за животите на многу луѓе. Проблемот е што патниците превезуваат разен багаж, а не може да се има контрола што има внатре. Можно е да имало петарди, но тие поминале царинска контрола, додава Трпевски.

-Компанијата нема право да врши контрола на багажот, но може да ги предупреди патниците дека е ризик во багажот да пренесуваат одредени работи. Законски обврски имаат само царината и полицијата, вели Трпевски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот