ВИДЕО: Тренерот Обрадовиќ спречил тепачка на навивач на Звезда со Лесор
Францускиот кошаркар Матијас Лесор повторно се најде во фокусот на јавноста по гостувањето на неговиот Панатинаикос во Белград кај Црвена звезда, иако поради повреда сè уште не е подготвен за настап и не беше дел од составот на грчкиот тим.
Препорачано
Уште на самиот почеток од натпреварот, Лесор одговори со несоодветен гест на провокациите што доаѓаа од дел од домашната публика. Во текот на мечот немаше поголеми инциденти, но по неговиот крај атмосферата накратко се вжешти.
По краткиот поздрав со играчот на Црвена звезда, Чима Монеки, Лесор тргна кон тунелот, кога дојде до вербална расправија со лице кое го снимаше со мобилен телефон. Ситуацијата набрзо ескалираше со обид за физичка пресметка, но брзата реакција на тренерот на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ, и спортскиот директор Небојша Илиќ ја спречи тензијата да прерасне во посериозен инцидент.
Видео од овој момент можете да погледнете – ТУКА.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


