Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: EPA-EFE/Samuel Corum/ POOL

ВИДЕО | Трамп го нарече бомбардирањето на Суми „ужасно“, без да ја осуди Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша ракетниот напад во Суми, во кој загинаа најмалку 34 луѓе и над 117 се повредени, како „ужасен“, но не ја осуди експлицитно Русија.

„Мислам дека е ужасно. Бев информиран дека  направиле грешка. Но мислам дека тоа е ужасна работа“, изјави претседтелот на САД пред новинарите на леталото „Ер Форс 1“.

Запрашан за оваа „грешка“, Трамп одговори: „Направија грешка (…) треба да ги прашате“, без да разјасни на кого се однесува.

Претходно, Советот за национална безбедност на Белата куќа сметаше дека бомбардирањето ја нагласува потребата од преговори за ставање крај на војната, која избувна во февруари 2022 година.

„Ракетниот напад врз Суми е јасен и брутален потсетник зошто напорите на претседателот Трамп да стави крај на оваа ужасна војна доаѓаат во критичен момент“, рече Брајан Хјуз, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Ниту Советот за национална безбедност на Белата куќа не ја обвини Русија за ракетниот напад, кој предизвика гнев кај голем дел од меѓународната заедница.

Најмалку 34 загинати во масакрот во Суми на Цветници, меѓу кои 2 деца – 117 лица се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот