ВИДЕО: Тотенхем го „матираше“ очајниот Челси, дали ова е крај за менаџерот Грем Потер?

фото: EPA-EFE/Isabel Infantes

Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен го победија Челси со 2:0, во лондонското дерби што се одигра во рамките на 25 коло од Премиер лигата.

И овој натпревар помина без менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, кој се опоравува од операцијата на жолчното кесе, но неговиот тим одигра токму како што тој посакува.

Челси е во голема криза, не му се гледа крајот и останува да се види дали менаџерот на лондонските „сини“ Грем Потер ќе „преживее“ до следното коло, со оглед на огромниот притисок од навивачите на клубот поради лошите резултати.

Стрелци на головите за Тотенхем беа Скип во 46 и Кејн во 82 минута.

Тотенхем се проби на посакуваното четврто место на табелата со 45 бодови и има четири бода повеќе, но и два меча повеќе од петтопласираниот Њукасл. Челси е дури на 10 позиција со 31 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот