ВИДЕО | Толку од предноста на Арсенал: Сити славеше во дербито и сега има сѐ во свои раце
Манчестер Сити извојува исклучително важна победа во трката за шампионската титула во Премиер лигата, откако на домашен терен го совлада Арсенал со 2-1 и сериозно се приближи до врвот.
Препорачано
Гостите од Лондон настапија претпазливо, со јасна намера да избегнат пораз и да ја задржат лидерската позиција, но таквиот пристап не вроди со плод. Сити беше поконкретен и на крајот заслужено ги освои трите бода, намалувајќи ја разликата на само три поени, со натпревар помалку.
Домашните поведоа во 16. минута благодарение на одличната индивидуална акција на Шерки. Сепак, радоста кратко траеше, веќе во следниот напад Џанлуиџи Донарума направи голема грешка, што му овозможи на Хаверц лесно да израмни. По израмнувањето, Арсенал се повлече и се фокусираше на одбраната, ретко заканувајќи се кон противничкиот гол.
Во второто полувреме двете екипи создадоа неколку можности, но пресудниот момент дојде во 65. минута, кога Халанд беше прецизен од блиска дистанца за конечни 2-1. Во завршницата, Арсенал се обиде со офанзива да стигне до бод, но без успех.
Со оваа победа, Сити ја презема иницијативата во битката за титулата и со шест победи до крајот на сезоната, тимот практично сам ќе одлучува за својата судбина. Веќе во следното коло може да избие на првото место доколку го совлада Барнли, а не е исклучено шампионот да биде решен и според гол-разликата.
ВИДЕО | Донарума се посрамоти во најважниот натпревар за Манчестер сити сезонава


