Несреќа во Словенија / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Тешка несреќа во Словенија – експлодираше цистерна на автопат

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 8 часот на Штаерскиот автопат во Словенија, каде по судир помеѓу комбе и цистерна избувна голем пожар. Автопатот е целосно затворен во двата правци помеѓу излезите Словенски Коњице и Словенска Бистрица, објави 24Ур.

Според првичните информации, двете возила се запалиле по судирот, а неколку противпожарни возила интервенирале на местото на настанот. Пожарот сега е изгаснат.

Полицијата сè уште нема информации за повреди. Повеќе информации ќе бидат дадени подоцна во текот на денот.

Сообраќајот на овој дел од автопатот е целосно затворен и пренасочен кон регионалниот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот