ВИДЕО | Тензично во Собранието за законот за Академија за судии и обвинители

тензична атмосфера започна седницата на Комисијата за политички систем во Собранието/ Фото: Принтскрин

Во тензична атмосфера започна седницата на Комисијата за политички систем во Собранието, каде може да се види на видеото кое го снимиле опозициски пратеници, пренесува „360 степени“.

Според снимката опозициските пратеници се собираат околу говорницата во салата „Борис Трајковски“, додека пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов зборува за непочитување на процедурите при утврдувањето на дневниот ред за денешната седница.

-Во интерес на јавноста, народот м0ра да види што се случува во ова собрание, не може да дозволиме челници на СДСМ со своите деца и внуци да продолжуваат да го простестираат  судството. Тука нема партии, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ има 111 место на корупција. Не може на криминален начин да дозволиме нешто, за што треба да има јавна дебата, вели тој.

Според пратеници од опозицијата, денеска на новинарите не им бил дозволен влез во галеријата, под изговор дека тоа не е во согласност со ковид-протоколите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот