ВИДЕО: Тенисерки се испокараа на Вимблдон: Ти си најлоша тенисерка на турнирот

принтскрин/твитер

Австралиската тенисерка Алја Томљановиќ се пласира во осминафиналето на Вимблдон откако со пресврт ја победи Јелена Остапепнко и тоа со 4:6,6:4,6:2, а навивачите на трибините беа сведоци на вербална пресметка по мечот.

Остапенко и замери на противничката за неколку работи, а највеќе за тоа што не сакаше веднаш да пријде на мрежата и да се ракуваат по победата туку го прославуваше успехот.
– Твоето однесување е ужасно. Немаш никаков респект – и рече Остапенко на противничката Томлјановиќ која не остана должна и ѝ одговори: Најде кој да зборува.
Веднаш потоа реагираше Остапенко која и возврати:
– Ти си најлоша на турнирот, убедливо најлоша на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот