Черити Пирс -„најдебелата жена на светот“ - Фото: Икс

ВИДЕО | Тажен крај на тешка борба: Почина најдебелата жена на светот

Черити Пирс, позната по прекарот „најдебелата жена на светот“ и по учеството во третата сезона од документарната серија „Мојот живот од 270 килограми“ (My 600-Lb. Life), почина на 50-годишна возраст, пишува „Пипл“.

Тажната вест ја соопшти нејзината ќерка Чарли Џо преку објава на Фејсбук, наведувајќи дека нејзината мајка во последните моменти била опкружена со најблиските.

„Не сакав да пишувам за ова, но повиците и пораките не престануваат. Речиси целото потесно семејство веќе знае – мојата мајка денес почина“, напиша таа.

„Сега е со својата мајка, братот и сестрата и конечно најде мир“.

Во друга емотивна објава, покрај фотографија на која ја држи мајка ѝ за рака, ќерката напиша:

„Черити, летај високо, мамо. Се надевам дека знаеш колку те сакам и колку сум благодарна што можев да бидам покрај тебе кога го испушти последниот здив.“

Според ТМЗ, Пирс била хоспитализирана околу два месеци поради сериозни здравствени проблеми, меѓу кои лимфедем и наталожување течност во белите дробови. Починала рано наутро во вторник, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Нејзината борба со прекумерната тежина беше документирана во емисијата „Мојот живот од 270 килограми“, каде што беше под надзор на баријатрискиот хирург од Хјустон, д-р Јунан Новзарадан. Подоцна повторно се појави и во продолжението „Мојот живот од 270 килограми: Каде се сега?“.

На почетокот од емисијата, Черити тежела речиси 360 килограми, но по неколку хируршки интервенции успеала значително да ослабне. Таа изјавуваше дека се труди да не се врати на старите навики, откако изгубила околу 136 килограми.

„Не сакам повторно да бидам личноста што бев – заробена во една соба во станот, цел ден, секој ден“, рече таа во една од епизодите.
„Можете да поминете цел живот верувајќи дека не можете да ги промените работите што не ви се допаѓаат. Но, оној ден кога ќе сфатите дека тоа е лага – сè станува можно.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот