Франк Леао песна за Роналдо/Screenshot/You Tube

ВИДЕО: Таткото на ѕвезда на Милан сними песна за Кристијано Роналдо

Франк Леао е уметничкото име на Антонио, таткото на ѕвездата на Милан и португалската репрезентација, Рафаел Леао. Тој сними музички спот посветен на Кристијано Роналдо, а видеото е реализирано на Мадеира, родниот остров на најпознатиот португалски фудбалер. Спотот беше објавен по повод 41. роденден на Роналдо кој Португалецот го прослави вчера.

Во спотот, Франк Леао пее за Роналдо низ места во Фуншал, неговиот роден град, а друштво му прават танчерки облечени во дресови на клубовите за кои легендарниот фудбалер настапуваше во текот на кариерата. Се редат кадри од заеднички и поединечни танци на симболични локации низ градот. пред статуата на Роналдо, во музејот посветен на неговите успеси, како и на фудбалското игралиште каде што ги направил првите чекори во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот