ВИДЕО | Тамара Тодевска сподели момент од животот на кој плаче секој пат: Мама ќе пее за вас додека дише!

тамара тодевска
Тамара Тодевска / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Тамара Тодевска честопати знае да ги израдува своите обожаватели и пријатели споделувајќи моменти од приватниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Миленичката на македонската јавност е особено активна на социјалната мрежа „Инстаграм“. Навистина е уживање кога ќе сподели некои семејни моменти, како го поминува секое слободно време со своите најблиски.

Вчера, на својот инстаграм-профил сподели преслатко видео од својот син Дарен со кое ги воодушеви сите.

„Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Ова е следното утро. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“, напиша Тодевска во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Срце мало“, „Душа, се стопив“, „Срценце најмило“, „Ејјј на 5 месеци стои, напредно дете“, „Колку емоционално“, се само дел од коментарите кои се нижат под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот