Тајфунот Фунг - Вонг ќе удри на Тајван/Фото: Andre M. Chang / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Тајван евакуираше 3.000 жители поради приближувањето на тајфунот Фунг-вонг

Тајванските власти издадоа вонредно предупредување и евакуираа повеќе од 3.000 луѓе од нивните домови додека го чекаат пристигнувањето на тајфунот Фунг-вонг, кој, иако ослабен, се очекува да донесе обилни дождови на планинскиот источен брег на островот, објави ЦНА.

Се очекува тајфунот да стигне до копното на југозападниот брег на Тајван, во близина на градот Каосиунг, во среда. Екстремниот временски феномен, кој беше опишан како многу посилен кога минуваше низ Филипините, одзеде најмалку шест животи.

Се очекува да го премине јужниот дел на Тајван, движејќи се назад кон Тихиот Океан по должината на ретко населените окрузи Тајчунг и Хуалиен.

Претседателот Лаи Чинг-те ги предупреди граѓаните на Фејсбук да избегнуваат патувања во планински и крајбрежни области со висок ризик.

Во септември, 18 лица загинаа во Хуалиен поради поплави предизвикани од претходен тајфун.

Владата нареди евакуација на жителите на Гуангфу, кој беше погоден од поплавите, и соопшти дека вкупно 3.337 жители од четири окрузи и градови се преместени во побезбедни подрачја.

Во Хуалиен, училиштата и јавните служби беа затворени денес, како што беше случајот и во соседниот округ Јилан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот