Сапорт Кочани-герила акција на плоштад / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

ВИДЕО | „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: Уште што треба да ни се случи во Кочани за да се освестат дека тој град постои

„Супорт Кочани“ денеска направи герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.

Мартин Кироски, кој е дел од тимот на „Супорт Кочани“ беше залепен со селотејп за бандера и чекаше да дојдат новинари, за да каже што прави таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

-Се обраќам до луѓето кои ја водат со оваа држава. Уште што треба да ни се случи во Кочани за да се освестат дека тој град постои. Толку ли брзо не заборавивте. Пред некој ден од странство се вратија деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Ако ништо друго барем нив да им помогнеме – порача Кироски.

Сапорт Кочани-герила акција на плоштад / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Во последно време се намалија донациите, а тој вели дека им се потребни многу пари.

– Само на едно дете знам дека му се потребни четири ракавици, за рацете и нозете. Една ракавица чини 1.000 евра. Како што гледаме државата тие пари нема да ги обезбеди – вели Кироски и прашува каков живот ќе живеат тие деца ако не им се помогне.

Тој додаде дека во несреќата загубил пет другари.

-Морам да живеам во тој град. Морам да направам нешто за тој град. Се надевам дека сите ја слушнаа мојата порака. 30 години не ни е добро во тој град, и после оваа трагедија уште толку не сме добри – вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

 

„Суппорт Кочани“ е интернет кампања која обединува повеќе организации, физички и правни лица кои имаат извршено донација на трансакциските сметки на повредените и роднини на загинатите од несреќата во Дискотеката „Пулс“ во Кочани која се случи на 16 март годинава или на било каков друг начин со свој личен придонес помагаат во реализација на давање помош.

ФОТО | Герила акција на плоштад: Човек залепен за бандера со селотејп, чека новинари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот