ВИДЕО: Струга Трим Лум е новиот фудбалски шампион на Македонија

фото: F.C. Struga

На две кола до крајот на натпреварувачката сезона 2022/2023 фудбалерите на Струга Трим Лум и официјално станаа шампиони во Првата македонска лига, прва титула во нивната клупска историја.

Стружани на домашен терен убедливо со 3:0 го надиграа составот на Силекс со двата голови на Шабани и еден на Ибраими.

Составот на Струга Трим Лум предводен од тренерот Шпетим Дуро имаат недостижни седум бода пред второпласираниот Шкупи во генералниот пласман.

Тимот на Гоце Седлоски кој ја бранеше титулата од минатата сезона со 2:1 во дербито триумфираше над Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ водеа со погодокот на Чинари, но клубот од Чаир направи целосен пресврт по погодоците на Адетунџи и Илиески.

Доста голови имаше на останатите три средби: Академија Пандев – Тиквеш 1:4, Македонија ЃП – Победа 7:0 и Работнички – Брегалница Штип 5:4.

На табелата води Струга Трим Лум со 62 бодови, пред Шкупи кој има 55, а на третата позиција е Шкендија со 54, 10 повеќе од Силекс на четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот