Фото: Street workout Macedonia

ВИДЕО | Street Workout Macedonia на 17 мај го организира првото државно првенство во калистеникс

Street Workout Macedonia на 17 мај за првпат во Македонија ќе организира Државно првенство во калистеникс. Настанот ќе започне во 12:00 часот, а сите натпреварувачи ќе се борат за вкупен награден фонд од 12.650 евра.

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на првото државно првенство може тоа да го направат преку нивниот e-mail ([email protected]), а организаторите ги повикуваат сите љубители на калистениксот и уличното вежбање да бидат дел од овој спортски спектакл.

Зад организацијата стојат младите ентузијасти Горазд Зафировски, Филип Ваневски и Давид Ѓоргоќески, кои преку Street Workout Macedonia работат на популаризација на калистениксот и уличното вежбање во земјава.

Организацијата Street Workout Macedonia иако постои нешто помалку од две години, веќе има искуство со организирање на групни тренинзи, натпревари и хуманитарни активности, а нивната цел е калистениксот да добие уште поголемо внимание и во иднина да се организираат државни и балкански првенства во поголем обем. Поради нив Скопје и Македонија доби и два професионални калистеникс паркови кои се наоѓаат во Општина Аеродром и Козјак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот