ВИДЕО | Страшна сцена во САД: Еден од најпознатите американски голмани доби колено во глава
Сериозен инцидент го одбележа синоќешниот натпревар од МЛС лигата меѓу Сиетл Саундерс и Колумбус Кру (1-1), кога голманот на домаќините, Стефан Фреј, доби тежок удар во глава во завршницата на мечот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инцидентот се случи во судиското продолжение, кога Фреј беше незгодно погоден со колено од противнички играч при обид да интервенира. Веднаш реагираше медицинскиот тим, а 39-годишниот американски чувар на мрежата со носилки беше изнесен од теренот и итно префрлен во болница. Средбата беше прекината на неколку минути, додека траеше укажувањето на помош.
По тешкиот момент, Фреј се огласи преку социјалните мрежи и испрати порака до навивачите и јавноста:
„Сè уште не сум сигурен што точно се случи на крајот од натпреварот, но искрено сум благодарен за сета грижа и поддршка. Среќен сум што повторно сум дома и одмарам. Благодарам на сите за пораките и љубовта – тие значат повеќе отколку што можам да објаснам“, објави голманот.
Стефан Фреј е вистинска легенда во МЛС, кариерата ја започна во Торонто, а најголемите успеси ги доживеа со Сиетл Саундерс, каде е еден од најценетите играчи и лидер на тимот.
Frei, goleiro do Seattle teve um choque fortíssimo na cabeça e saiu de ambulância para o hospital pic.twitter.com/HEW8FJRM0V
— Leo Fontes (@leofontesTV) July 6, 2025


