Автобуска несреќа во Боливија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Страотна несреќа во Боливија, автобус падна во провалија, најмалку 16 жртви

Најмалку 16 лица загинаа, а 36 други беа повредени кога автобус во кој патувале се урна од карпа од височина од 300 метри во централна Боливија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во понеделникот во Морочата, департманот Кочабамба, југоисточно од главниот град Ла Паз, објави АФП.

Според шефот на сообраќајната полиција, Омар Сегада, „несреќата се случила кога возачот ја изгубил контролата врз возилото, што предизвикало автобусот да падне од карпата, при што загинаа 16 лица, а 36 други беа повредени“.

Според извештаите на боливиските медиуми, 23-годишниот возач на автобус преживеал, бил уапсен и се испитува.

Според Министерството за внатрешни работи, околу 1.400 луѓе умираат во сообраќајни несреќи во Боливија секоја година.

Во март, 37 лица загинаа кога два автобуси се судрија во Потоси, во јужниот дел на земјата на Андите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот