ВИДЕО: Страотна автобуска несреќа во Турција, загинаа 10 лица, околу 40 се повредени

Страотна автобуска несреќа во Турција/Фото: Скриншот/АА

Најмалку 10 лица загинаа, а 39 се повредени денеска во јужна Турција кога меѓуградски автобус се судри со три возила на автопатот, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Автобусот, кој од Дијарбакир возел за Истанбул, удрил во камион и две други возила во областа Тарсус во близина на медитеранскиот град Мерсин, напиша Јерликаја на платформата Х, пренесе Ројтерс.

Владата соопшти дека е покрената истрага за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот