Италија ја зафати топлотен бран, на Сицилија и Сардинија најавени 44 степени

Фото EPA-EFE/SARAH YENESEL

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци.

Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека бранот сахарска жештина наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Основачот на таа веб-страница, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34 степени Целзиусови во централна и северна Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија.

„Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано.

Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца температурата да достигне 40 степени, а на Сардинија и Сицилија таа да биде во интервал од 42 до 44 степени.

„Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силните врнежи од дожд кои се очекуваат на север ќе ги намалат температурите во сите региони.

Во текот на изминатиот викенд плажите беа преполни со Италијанци кои побараа засолниште од жештините покрај бреговите на морето и езерата, а се очекува гужвите да бидат уште поголеми оваа недела поради почетокот на училишниот распуст и поради зголемената температура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот