Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

ВИДЕО | Стоунс во 95. минута донесе победа за Манчестер Сити против Вулвс

Maнчестер Сити многу потешко од очекуваното дојде до победа (1:2) против Вулверхемптон во рамките од осмото коло во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола по повредите на Родри и Де Брујн има проблеми со составот, а тоа можеше да се види и на теренот. Во денешниот натпревар „граѓаните“ до победата дојдоа со гол во последните моменти од натпреварот кога погоди Џон Стоунс.

Вулверхемптон прв дојде до водство откако Ларсен ја искористи асистенцијата од Семедо и ја смести топката во мрежата. Убав гол за израмнување постигна Хрватот Јошко Гвардиол кој така стана дефанзивецот со најмногу голови во 2024 година.

Имаше поголема иницијатива Манчестер Сити во второто полувреме, меѓутоа победничкиот гол го постигнаа дури во петтата минута од судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот