Стјепан Хаусер / Фото: Инстаграм/Стјепан Хаусер

ВИДЕО | Стјепан Хаусер остана без концертите во балтичките земји бидејќи свиреше руска песна на Инстаграм

Летниот концерт на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер во литванскиот главен гајрад Вилнус е откажан, откако тој на социјалните мрежи објави видео во кое ја изведува руската народна песна „Калинкa“. Организаторите ја потврдија одлуката за тамошните медиуми, а ја образложија со „бурните реакции во јавноста“.

Концертната агенција „ЛТипс“ соопшти дека се откажани сите настапи на Хаузер во балтичките држави, без дополнителни коментари. Според нив, одлуката е донесена по барање на уметникот.

Контроверзијата се поврзува со видеото објавено на Инстаграм, на кое Хаузер настапува со позадина од Москва, при што се истакнати името на Русија и боите на руското знаме. Снимката е дел од неговиот проект „Музиката го обединува светот“, во чии рамки музичарот изведува познати мелодии од различни земји.


Објавата предизвика бројни критики кај дел од неговите следбеници, а особено остри реакции пристигнаа од украинската публика. Иако подоцна објави и изведба на украинска песна, тоа не ги намали негативните реакции.


Инаку, Хаусер стекна меѓународна слава како член на дуото „2Челос“, по што продолжи со успешна солистичка кариера. Неговите албуми, меѓу кои „Classic“, „The Player“, „Hauser Christmas“, „Classic II“ и „Cinema“, бележат милијарди слушања на музичките платформи, а неговите видеа имаат повеќе од четири милијарди прегледи.

Во текот на кариерата тој настапувал во повеќе од 40 земји, во престижни концертни сали како „Радио Сити Мјузик Хол“ и „Ројал Алберт Хол“. Соработувал со светски музички имиња како Андреа Бочели, „Ред хот чили пеперс“ и Елтон Џон, а настапувал и на Венецискиот филмски фестивал, како и пред папата Франциск.

ВИДЕО | Македонците воодушевени: Стјепан Хаусер со маестрална изведба на „Јовано, Јованке“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот