ВИДЕО | Стјепан Хаусер фрлаше испотени крпи во публиката: „Ова е непочитување на жените“
Стјепан Хаусер објави видео на социјалните мрежи во кое фрла испотени крпи во публиката, на радост на обожавателките кои меѓусебно се борат за да ги добијат.
Препорачано
Шармантниот виолончелист е познат како миленик на жените, што го потврди и со видео во кое ја покажа еуфоријата што ја предизвикува меѓу обожавателките на своите концерти.
@hauser Next tour I will need to bring more towels ??? #hauser #rebelwithacello #tour #towels #mania ♬ Sway – HAUSER
„Ќе морам да донесам уште крпи на следната турнеја“, напиша музичарот покрај објавата, а додека на некои целата работа им беше симпатична, имаше и такви кои беа згрозени од неговиот потег.
„Многу сум разочарана од овој потег, треба да фрлате рози наместо смрдливи и испотени крпи ако сте вистинскиот господин каков што се покажувате“, е еден од коменатрите.
„Ова е непочитување кон жените кои се ваши обожаватели. Жал ми е“, „Многу разочарувачки“, „Биди сериозен… Ваквото однесување не доликува на уметник“, „Ова веќе не се културни настапи“ и „Јас би му го фрлила назад, тоа е многу грдо однесување“, се дел од коментарите.
ФОТО+ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ направи шоу во Белград: Свиреше на саксофон со хрватскиот музичар Хаусер


