ВИДЕО | Старт за во „затвор“ во Франција: Фудбалер на Монако потсети на „нападот“ врз Чаби Алонсо

Се сеќавате ли на опасниот старт на Најџел де Јонг врз Чаби Алонсо во финалето на Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република? Тогаш Шпанија со голот на Андрес Иниеста ја совлада Холандија и стана светски првак, а фудбалската јавност остана шокирана од бруталниот врз тогашниот играч за врска, а денес тренер на Реал Мадрид.

Слична сцена можевме да видиме и синоќа во француската Лига 1, на натпреварот меѓу Монако и Лион. „Лавовите“ славеа на гостувањето со 3-1, но резултатот падна во втор план поради неверојатниот фаул кој го направи фудбалер на домашниот тим.

Главен актер беше Мамаду Кулибали од Монако, кој со високо подигната нога и опасен старт го удри противникот во пределот на главата и вратот. Судиската одлука беше очекувана, директен црвен картон за еден од најгрубите прекршоци сезонава во францускиот шампионат.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот