ВИДЕО: Српскиот политичар за утре најавува снимки од киднапирањето на Вања, денеска објави тонски запис

Фото-колаж: Слободен печат

Српскиот контровезен политичар Срѓан Ного денеска објави исечоци од снимки на таткото на Вања Ѓорчевска и полициски инспектори. Тоа отвори нови прашања за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Десничарот Ного најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања Ѓорчевска, пред и по киднапирањето.

Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР.

Контроверзниот српски политичар тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата, ги открил, поврзал и го решил случајот со исчезнувањето неговата ќерка и Панче.

Тој на својиот профил Х упатува прашања до министерот Оливер Спасовски и до обвинителот Гаврил Бубевски. „Зошто инспекторите во МВР уште на 29 ноември се распрашувале дали Љупчо Палевски Палчо и Александар Ѓорчевски се познаваат и дали биле во контакт? На 29 ноември никој не бил приведен, ниту пак телата на Вања и на Панче биле пронајдени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот