ВИДЕО: Српски моторџии тргнаа кон Косово, косовската полиција се распореди на Јариње, не пушти ниту еден моторџија да влезе во Косово

Фото: Kosovoonlajn

Моторџиите на Србија, кои утрово во рамки на хуманитарната „Моторџиска рок мисија“ тргнаа кон Северна Митровица, со цел како што рекоа да им пружат поддршка и помош на косовските Срби, не смеат да влезат во Косово преку административниот премин Јариње.
Според известувачот на Косово онлајн, припадниците на косовската полиција им рекле дека не смеат да влезат во Косово од безбедносни причини.

Претходно денеска заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, потврди дека на контролниот пункт кај административниот премин Јариње биле испратени оклопни возила на косовската полиција бидејќи „некои мотоциклисти се движеле во тој правец и дека возилата на Косовската полиција е испратена за да не се наруши јавниот ред.“

Моторџијата Милиќ Радевиќ, организаторот на „Мисијата“ рече дека добиле известување од косовската полиција „дека ниту еден моторџија или мотор не може да влезе во Косово.

Моторџиjata Драган Антониќ од Шабац вели дека со години ја организираат хуманитарната мисија и со добра намера доаѓаат да ги посетат и да им помогнат на Србите кои живеат на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот