Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Со жив штит се спречува затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

Неколку месеци по најавите од страна на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска екипи на Градот започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но беа спречени од група демонстранти кои застанаа како жив штит и не дозволуваат затворање на овој нелегален и неозначен премин.

Некои чаирчани побарале да не се затвора дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, но Градот е решен да постави ограда

Претходно, градоначалникот изјави дека жители на Чаир имале барање овој „див пешачки премин да стане легален, но Градот, како што соопшти Ѓорѓиевски, поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот, категорично го одбил нивното барање и не ја менува одлуката дека на местото повторно ќе биде поставена метална ограда.

-Имаше барање на дел од граѓани од тој дел на Скопје да го направиме тој премин легален, но категорични сме во тоа дека местото треба да биде затворено поради безбедносни причини и за пешаците и за оние кои се корисници на возила. На тоа место ќе се постави ограда – изјави тогаш Ѓорѓиевски.

Сепак, акцијата денеска наиде на големо незадоволство од страна на чаирчани, кои во знак на протест го блокираа булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и целосно го запреа сообраќајот, не дозволувајќи им на службите да го затворат овој нелегален премин.

Меџити ќе го урива, Ѓорѓиевски ќе го чисти – што ќе се случи со натпатникот кај Бит-пазар?

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои може да се забележи дека на локацијата има големо присуство на полициски службеници и десетици демонстранти кои физички спречуваат поставување на ограда и, како што пренесува ТВ21, тие бараат преминот да не се затвори и да продолжи да функционира како досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот