ВИДЕО: Со кунг-фу потег го патосира судијата

Шокантни сцени доаѓаат од Узбекистан каде е нападнат главниот судија.

На натпреварот од втората узбекистанска лига помеѓу големите ривали Нефчи Фаргон и Турон на кој имаше и трето полувреме.
Натпреварот завшри со победи на гостите од 0:1, но натпреварот го одбележа масовната тепачка и нападот на главниот судија.

Домашните навивачи не можеа да се помират со тоа што нивниот тим не успеа да обезбеди пласман во најсилната домашна лига, а еден играч на Нефчи главен виновник за нивниот пораз го пронајде во судијата Шавкат Насибулајев и одлучи да ја земе правдата во свои раце, односно нозе.

На социјалните мрежи се појави видео од страшниот кунг-фу удар на домашниот фудбалер со кој го удри судијата.
– Цел Узбекистан, целата фудбалска заедница го виде ова. Тие кои што учествуваа во овој инцидент ќе бидат казнети – изјави Шерзод Раџабов, портпарол на фудбалската лига на Узбекистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот