ВИДЕО | Со кеса за ѓубре и капа за туширање: Маж упадна на ревија на Модната недела во Њујорк

Фото: Принтскрин/ Твитер

Во светот на високата мода чудните и навидум грди модни комбинации, станаа составен дел од колекциите на најпознатите модни брендови. Затоа, инцидентот што се случил за време на Модната недела во Њујорк не е претерано изненадувачки.

Имено, на видеото кое се сподели на социјални мрежи може да се забележи маж облечен во проѕирна кеса за ѓубре и капа за туширање како упаднал на ревија, за време на Модната недела во Њујорк.

На почетокот никој не сфатил дека тој е натрапник, сè додека обезбедувањето не го тргнало од пистата. Носејќи проѕирна кеса за ѓубре на телото како костим, тој чекорел по пистата воодушевувајќи ги присутните. За момент погледнал зад себе, со неверување дека неговиот потфат поминал без проблем.

Но, штом членовите на обезбедувањето го забележале натрапникот, еден од нив истрчал да го тргне од пистата, за да можат моделите да продолжат со шоуто според планираното.

На видеото реагираа и корисниците на социјалните мрежи. Некои рекоа дека неговиот стил на облекување го исмева шоуто, додека други го нарекоа неговиот настап „неверојатен“.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

ФОТО | Диско кралица: Блејк Лајвли блесна во златен комбинезон на Модната недела во Њујорк

ФОТО | Сè уште доминира: Хали Бери се појави во „вамп“ издание на Модната недела во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот