ФОТО | Диско кралица: Блејк Лајвли блесна во златен комбинезон на Модната недела во Њујорк

Фото: Profimedia

Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ја претстави својата пролет/лето колеција за 2024 година на актуелната Модна недела во Њуjорк, која почна на 7 септември, а ќе заврши утре – 13 септември.

Модните ревии на Корс, традиционално, се посетени од голем број познати дами. Актерката Блејк Лајви, речиси, никогаш не ја пропушта приликата да ги разгледа неговите креации на модните настани.

Блејк Лајвли, Ван Хант, Хали Бери и Никол Ари Паркер / Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Токму таа воодушевила со својот изглед. Имено, актерката облекла спектакуларен комбинезон со потпис на Корс. Ова модно парче, со прерамки и широки ногавици во вид на ѕвоно, било сошиено со ситни златни светки што направиле Лајлви да изгледа како диско кралица на модна ревија.

Како модни додатоци, таа избрала беж коланче и чанта во слична нијанса. Целата комбинација ја надополнила со прекрасно волнено палто во истата боја, исто така со потписот на Корс.

Фото: Stephen Lovekin / Shutterstock Editorial / Profimedia
Фото: Stephen Lovekin / Shutterstock Editorial / Profimedia
Блејк Лајвли и Мајкл Корс / Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia
Фото: Jamie McCarthy / Getty images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот