ФОТО | Сè уште доминира: Хали Бери се појави во „вамп“ издание на Модната недела во Њујорк

Фото: Profimedia

Актерката Хали Бери присуствуваше на модната ревија на Мајкл Корс во рамки на Модната недела во Њујорк, каде американскиот дизајнер ја претстави колекцијата за пролет/лето 2024.

За ревијата на Мајкл Корс, Хали Бери избрала црн фустан со длабоко деколте и високи шлицови. Креацијата била со долги ракави, исто така, со шлиц, а актерката го комплетирала изгледот со дебел кожен ремен со дезен од змиска кожа и метални аксесоари.

Фото: Stephen Lovekin / Shutterstock Editorial / Profimedia

Високите црни чизми одлично се вклопиле во „вамп изданието“ со кое Бери докажа дека сè уште е божица на црвениот тепих.

Фото: Stephen Lovekin / Shutterstock Editorial / Profimedia

На овој гламурозен настан во Њујорк присуствувал и партнерот на Бери, музичарот Ван Хант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот