Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Со автобус „слетала“ во реката Сена, повлекла и паркиран автомобил

Жена-возач на обука утрово со автобус слетала во реката Сена, откако удрила во паркиран автомобил и изгубила контрола над возилото, соопштија официјални лица, пренесе Гардијан.

Сообраќајната управа потврдила дека возачката била при крај на „практичната обука“ во моментот на несреќата во Живизи-сир-Орж, околу 20 километри јужно од Париз. Тестовите за дрога и алкохол биле негативни, изјавил портпарол на полицијата.

Изгубила контрола над возилото

Префектурата Есон соопштила дека сите четири лица од автобусот биле спасени од водата, во акција во која учествувале повеќе од 90 пожарникари, нуркачи и полицајци.

Портпарол на Ил-де-Франс мобилите, регионалната сообраќајна управа за подрачјето на Париз и поширокиот регион Ил-де-Франс, изјавил дека возачката била во придружба на „главен возач“ и дека во возилото имало уште двајца патници.

Градоначалничката на Живизи-сир-Орж, Ламија Бенсара Реда, навела дека возачката „изгубила контрола“ над возилото во близина на станица недалеку од брегот на реката, „пред да слета во Сена и да повлече паркиран автомобил“ со себе.

„Сите беа брзо спасени и, за среќа, сите се добро“, додала таа во објава на Фејсбук.

Сведок: Минувачите веднаш притрчале да помогнат

Сведок изјавила за АФП дека автобусот го промашил свртувањето надесно покрај реката и „продолжил право и го повлекол автомобилот со себе“.

„Минувачите веднаш притрчаа да помогнат и фрлаа појаси за спасување пред доаѓањето на итните служби“, додала 55-годишната Елизабет.

АФП наведува дека во акцијата за спасување учествувале повеќе спасувачки чамци, дрон и хеликоптери. Локалните власти околу 14 часот објавиле снимка од извлекувањето на автобусот од реката и навеле дека бил извлечен и автомобилот.

ФОТО | Авион од Словачка принудно слетал на ливада во Босна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот