ФОТО | Авион од Словачка принудно слетал на ливада во Босна

Според податоците од сервисот за следење летови, авионот полетал утрово во 9 часот од Словачка. Станува збор за летало што му припаѓа на Аероклубот „Прешов“ од истоимениот словачки град, а се користи за обука на пилоти.

На планината Влашиќ во централниот дел од Босна и Херцеговина денеска поради дефект принудно слетал приватен авион од Словачка, а двајца патници се полесно повредени. Инцидентот се случил попладнево, пренесе Србија Тајмс.

Лет од Словачка

Според податоците од сервисот за следење летови, авионот полетал утрово во 9 часот директно од Словачка. Станува збор за летало што му припаѓа на аероклубот „Прешов“ од истоимениот словачки град, а се користи за обука на пилоти.

Принудно слетување на ливада

Авионот поради технички дефект морал принудно да слета на ливада. При слетувањето двајца патници се здобиле со полесни повреди, додека на самото летало, според првичните информации, не настанала поголема материјална штета.

ВИДЕО | Дедо Април триста умишта има: Вее снег на Златибор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот