ВИДЕО | Снуп Дог и Кели Кларксон ќе ја водат Американската Евровизија

Снуп Дог и Кели Кларксон/Принтскрин/Инстаграм
Снуп Дог и Кели Кларксон/Принтскрин/Инстаграм

Раперот Снуп Дог и пејачката Кели Кларксон ќе бидат водители на Натпреварот за песна на Америка, кој настана по пример на Евровизија.

Натпреварот ќе биде пренесуван на американската мрежа NBC. Почетокот на шоуто e во март, а големото финале е предвидено за 9 мај.  На настанот ќе учествуваат изведувачи, солисти, дуети или групи од сите педесет американски држави.

Снуп Дог по повод настанот, изјави:

„Чест ми е што ќе го водам овој Натпревар за песна на Америка со својата „сестричка“ Кели Кларксон“

Кларксон е победничка на првото издание на Американскиот идол за 2002 година, која стана една од најуспешните американски пејачки, со две Гремија и милион продадени албуми.

„Фан сум на концептот за Евровизија и воодушевена сум што овој музички феномен доаѓа и во Америка. Возбудена сум што ќе работам со Снуп Дог и не можам да дочекам да ги видам сите држави со свој изведувач“.

Едно од најголемите ТВ случувања на светот

Евровизија е едно од најголемите шоуа што го „тресе“ светот. Тоа е како „олимписки спорт“ каде сите натпреварувачи се борат за златниот медал, според Андерс Ленхов, продуцентот на „Амеровизија“.

„Натпреварувањето за песна на Америка ќе биде прикажувано на телевизија, не само како тв шоу туку и како отворена можност за сите музичари, независно дали се аматери или имаат договор со издавачка куќа“ – изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот