ВИДЕО: Поплавите и свлечиштата во Сао Паоло носат сѐ пред себе, се извлекуваат бебиња, возила струполени во морето

Најмалку 54 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплави по обилните дождови кои ги опустошија крајбрежните области на југоисточната бразилска држава Сао Паоло, покажуваат новите податоци на официјалните претставници.

Обилните врнежи предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во крајбрежните градови во југоисточниот дел на Бразил, а бројот на жртвите објавен денеска е поголем за четири од претходно објавените податоци. Дури 53 од загинатите се регистрирани во градот Сан Себастијан.

На видео снимки кои се објавени на социјалните мрежи се гледаат дел од спасувачките акции каде се извлечени деца и бебиња.

Дел од возилата завршени се во морето.

Владата на Сао Паоло во соопштение наведе дека денеска се очекуваат повеќе врнежи и предупреди на нови опасности од лизгање на земјиштето и поплави, додека траат операциите за пребарување и спасување, а десетици луѓе се уште се водат како исчезнати.

Повеќе од 4.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, се додава во соопштението.

Повеќе од 600 милиметри дожд паднаа во крајбрежниот регион на оваа најбогата држава во Бразил, што според наводите на Владата, е највисоката кумулативна бројка во земјата досега.

Брод на бразилската морнарица вчера пристигна во Сан Себастијан за да помогне во згрижувањето на жртвите.

Бродот ќе служи како теренска болница за итна помош, а опремен е со хеликоптери и возила, како и со болнички кревети, соопштија властите кои најавија работа на обнова на погодената област, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот