Фото: принтскрин / читател на „Слободен печат“

ВИДЕО | Снимен е насилникот кој намерно газеше човек со џип во Аеродром и излезе да го тепа

Снимен е инцидентот од пред три дена во општина Аеродром, во кој возач на џип „БМВ“ намерно удри во возач на тротинет и потоа излезе од возилото и го нападна човекот, кој лежеше на земја. Настанот го снимил и ни го испрати читател на „Слободен печат“, кој случајно се нашол на местото.

Тој вели дека бил сведок на брутално насилство и дека тоа што го видел многу го потресло, како и дека двајцата возачи прво си дофрлале нешто возејќи, што, како што додава, е воочибачено во сообраќајот во денешно време.

По тоа, возачот-насилник намерно удрил со џипот во возачот на тротинетот па од ударот, тој летнал преку хаубата на возилото и паднал на улицата, а насилникот излегол и го нападнал. Вели дека тоа што го видел било обид за убиство, а не како што извести полицијата – дека се работи за насилство.

„На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, јави МВР во дневниот билтен во петокот.

Во Зрновци e пронајдена мртва жена, Обвинителството ќе ги проверува причините за смртта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот