ВИДЕО | Славеле до зори: Актерот Милош Биковиќ приреди луда прослава за раѓањето на синот

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Познатиот српски актер Милош Биковиќ во вторникот го доби синот Василиј со својата долгогодишна девојка Ивана Малиќ.

На актерот ова му е прво дете, па не ја пропушти можноста да организира прослава која ќе трае до зори , како што е вообичаено во српските семејства.

Покрај гордиот татко, до зори славеле голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавета Орашанин и многу други.

Забавата траела до зори, а бидејќи сите биле многу весели, решиле дел од атмосферата да споделат на социјалните мрежи. Така, на видеото кое е објавено на Инстаграм се гледа расположениот татко Милош со врзана маица околу главата и чаша виски во раката.

Aктерот пред неколку дена гостувајќи во емисијата „Поп ток“ откри дека нема да се откаже од животот и дека со семејството ќе живее на релација Белград-Москва.

– Планирам да го малтретирам семејството со авион, ваму – таму. Мојот живот е мојот живот. Не можам да се откажам од некои работи што ги создавам цел живот, ќе гледам да ги оптимизирам и да фрлам уште една непозната во таа равенка. Отсега не можам да одам никаде, би полудел. На детето не му треба луд татко. Треба да најдеме рамнотежа – изјавил Биковиќ.

– За мене Ивана и семејството значат сидро. Тоа е некако противтежа на сета моја лудост – заврши Биковиќ.

ФОТО | Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак: Адвокатката изгледа прекрасно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот