ВИДЕО | Скерлев: Британците допрва ќе ги почувствуваат последиците од пандемијата

Почна да попушта пандемијата во Велика Британија и последниве недели веќе поинаку изгледа Лондон. Луѓето се шетаат, продавниците се отворени, базените се отворени, салите за вежбање, фризерниците. Не можам да ви опишам како беше на почетокот и првите денови. Немаше место да се најде, и мислам дека популарните салони се закажани до јули. Цените се покачени или она што го прават во продавниците – производите изгледааат навидум исти, но пакетчињата се 100 грама полесни, изјави во Утрински брифинг, новинарката Жанета Скерлев.

Владата воведе три листи – црвена, од каде што луѓето речиси и да не смеат да влегуваат, ако влезат мора да бидат во карантин и мора сами да си го платат, 10 дневен карантин кој чини 1.750 фунти. Мора да имаат тест претходно и доколку се утврди дека имаат болест мора да се лекуваат. Потоа се портокаловите земји, меѓу кои е Македонија и на крај се зелените земји (Нов Зеланд, Австралија, Ирска).

Индија е поранешна британска колонија. После Брегзитот британската влада се бори, очајнички да стекне нови трговски партнери. Вчера имаше нови оолеснувања за Индијците во трговијата. За нив нема да има даноци за британски производи, британски виски, автомобили, што значи дека Индијците ќе имаат уште поголеми погодности.

Борис Џонсон и неговата влада се трудат што е можно подолго да ја одложат истрагата како државата реагирала во поглед на пандемијата. Кога јас се враќав од Македонија во март минатата година, во Лондон никој не носеше маски, а светот беше среде пандемија. Џонсон задоцни со прогласување на пандемијата, задоцни со маските. Сега има препукувања дали премиерот рекол дека сака имунитет на стадо или не. Дали Џонсон рекол дека нема да има локдаун па макар и луѓе мртви да лежеле на улиците или не рекол. Факт е дека британската Влада направи многу грешки. Во нивна одбрана би рекла дека сепак ова е ситуација која е нова и се нема вакво нешто случено, но од друга страна тоа не е Влада на некоја африканска земја каде што племенскиот поглавица не знае како да се снајде, вели Скерлев и додава дека Комисија ќе има многу работа да ги разоткрие сите неправилности.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот