ВИДЕО | Скандал во Британија: Министерот за здравство фатен во љубовна афера со соработничка

Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок е снимен како ја бакнува својата колешка Џина Коладанџело и е на удар на критиките за можна афера, но и за кршење на мерките воведени за спречување на пандемијата.

„Сан“ објави видео во кое, според таблоидот, Хенкок и Џина биле фатени како се бакнуваат во неговата канцеларија. Снимката е наводно направена минатиот месец.

“Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал”, рече британскиот министер за здравство, цитиран од Sky News.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот