ВИДЕО: Синот на Вучиќ запрен на Косово, полицајци го натерале да соблече маичка со „антикосовски натпис“

Фото: RTV Dukagjini

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, денеска бил запрен од косовската полиција за време на неговиот престој на Косово, при што полицајците го принудиле да ја соблече маичката со, како што наведуваат од Приштина, „провокативна порака“, објави „РТВ Дукаѓини“.

Оваа телевизија објави и снимка на која, како што се тврди, се гледаат припадници на полицијата како го запираат синот на претседателот на Србија.

„РТВ Дукаѓини по церемонијата што се одржа во Грачаница обезбеди снимка на која се гледа дека косовската полиција ги запрела автомобилите во кои бил синот на претседателот на Србија за да му ја земе маицата со антикосовски натписи“, пишува телевизијата.

Фото: Коха

По завршувањето на литургијата, Данило Вучиќ е забележан како се движи низ Грачаница, придружуван од група Срби и припадници на обезбедувањето.
На прашањето на српските медиуми дали навистина неговиот син бил запрен денеска кај Грачаница, Александар Вучиќ одговори дека тоа се случило не еднаш, туку трипати.

Тој иронично додаде дека ја цени храброста на Албин Курти, а наведе дека неговиот син е похрабар од косовскиот премиер..

„Тоа им е работа. Ги запреле трипати, ја претресувале колата, ги малтретирале. Му честитам на храброста на Албин Курти. Не е толку храбар кога е во моја близина, ама тоа е во ред. Кога праќаат други да малтретираат туѓи деца, тоа е во ред. Данило не е мал, тој е похрабар од Албин Курти“, изјави Вучиќ, според „Данас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот