Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Силни експлозии одекнаа кај Буенос Аирес – пожарот се шири неконтролирано, над 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 луѓе се повредени по силните експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти, објави „Буенос Аирес тајм“.

Индустрискиот објект се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата.

Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола.

Директорот на болницата, Карлос Санторо, изјави дека неговата институција примила 22 повредени лица.

Во индустриската зона има неколку фабрики кои произведуваат гуми, хемиски производи и други стоки.

Според медиумите, пожарот довел до откажување на летовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот