(ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди Загреб, луѓето панично излегуваат на улица

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри.

Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала, јави Хина.

Хрватската престолнина се тресеше десетина секунди, а луѓето панично излегоа на улиците. Вести за предизвикана материјална штета доаѓаат од целиот град и околината, соопшти загрепски „Јутарњи лист”.

Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Во некои згради, sидовите испукале, некаде се урнал покрив, а во станови паѓале полици и слични предмети, пренесува Индекс.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот