ВИДЕО: Што се случува со лицето на Путин- двојник или ботокс?

Владимир Путин/Фото: Принскрин X

На социјалните мрежи повторно се шири бизарна теорија за рускиот претседател Владимир Путин. Некои корисници се убедени дека последниот јавен настап на рускиот лидер Владимир Путин наводно го лажирал неговиот двојник.

Снимена е неговата средба со заменик-претседателот на Централната воена комисија на Народна Република Кина во Нови Огарово, Џанг Јуксија. На снимката се гледа како Путин се поздравува со медиумите, но некои забележале дека наводно неговите образи изгледаат чудно. Темата за лицето експлодираше на социјалните мрежи, а многумина се запрашаа дали навистина е рускиот претседател, пренесува британски Експрес.

Некои медиуми често шпекулираат дека Путин понекогаш ангажира двојник за јавни настапи. „Двојникот со импланти на образите“, напиша еден корисник на „X“, коментирајќи го последното појавување во јавноста. Друг тврдеше дека Путин направил естетска операција и дека со „ботокс ги подигнал и ги наполнил образите“, а потоа додаде дека очигледно е актер. „Ова е „Путин со овално лице“. „Се прашувам како навистина изгледа без козметички корекции“, беа дел од коментарите.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, кружат луди теории за Путин, главно дезинформации.  На секои неколку месеци се пишува дека рускиот лидер е тешко болен и дека му остануваат уште неколку месеци живот, но Кремљ ги демантираше сите овие гласини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот