Енрике Иглесијас / Фото: EPA/CLEMENS BILAN

ВИДЕО | Што ќе каже Курникова? Енрике Иглесијас реобјави видео во кое страсно се бакнува со друга жена

Дека шармот на Енрике Иглесијас  е тешко да одолеат жените ширум светот, покажува и видеото кое пејачот неодамна го реобјави, а кое со огромна брзина се прошири на социјалните мрежи. Славниот латино пејач отсекогаш бил познат по исклучително блискиот однос со својата публика, но се чини дека некои обожавателки во моменти на еуфорија целосно ги забораваат границите.

Имено, на видеото јасно се гледа како една обожавателка ја искористи приликата и буквално го „нападна“ пејачот, кој на крајот „ја прифати играта“.

Ваквите сцени за Енрике не се ништо ново. Во текот на својата долгогодишна кариера доживеал сè, од фрлање долна облека на сцената, до страсни бакнежи во уста со непознати жени кои едноставно одбиваат да го пуштат својот идол. Виралната снимка, очекувано, веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Секако, во целата приказна повторно се отвори и едно неизбежно прашање, што на сето ова вели Ана Курникова? Славниот пејач и поранешната руска тенисерка се во среќна врска повеќе од дваесет години и заедно имаат четири деца.

Ана Курникова и Енрике Иглезијас – Фото: Rachid Ait / Pacific coast news / Profimedia

Иако и двајцата се трудат приватниот живот строго да го држат подалеку од очите на јавноста, многу фанови често се прашуваат како Ана ги толерира ваквите испади на занесени обожавателки. Судејќи според нивната долгогодишна врска, се чини дека тајната е во огромната меѓусебна доверба и фактот дека и двајцата се свесни дека, на крајот на денот, сето тоа е само дел од работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот