ВИДЕО | Шпанија го обезбеди првото место, Португалија остана перфектна

Фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Репрезентацијата на Шпанија вечерва ја заврши својата работа и како првопласирана од групата „А“ ќе оди на Европското првенство.

Вечерва „Црвената фурија“ немаше проблеми и ја победи Грузија со 3:1, а зад нив остана Шкотска која ремизираше против Норвешка со 3:3. Натпреварот кој се играше во Ваљадолид го отвори Ла Норманд по само четири минути, но првата грузиска ѕвезда, Квича Кварацхечија донесе изедначување.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата, а во продолжение нова предност за Шпанија донесе Феран Торес. Пред крајот на натпреварот Локошвили си постигна автогол за конечни 3:1.

Селекцијата на Португалија одигра фантастичен квалификациски циклус и победи на сите 10 натпревари во групата, па така групата ја заврши со 30 бода. Вечерва со головите на Бруно Фернандеш и Рикардо Хорта го совладаа Исланд со 2:0.

Босанците кои имаат зад себе еден лош квалификациски циклус завршија со пораз од Словачка со 1:2. Лукембруг од друга страна одигра за себе одличен циклус во кој запиша пет победи и вечерва го совладаа Лихтенштајн со 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот