ВИДЕО: Шлаканици, боксови, превртени маси и столици, во Венеција се степаа келнери и туристи

Група келнери се степале со гостите на познатиот плоштад Сан Марко во Венеција. Италијанските медиуми јавуваат дека седум келнери се степале со четворица странски државјани. Видео од тепачката, што се случила во четвртокот, го снимил еден од случајните минувачи.

– Што се случува? Боже мој – се слуша како вели жена која го снимала видеото.

На видеото, нискиот келнер се гледа како го турка гостинот преку масата и го удира неколку пати. Неговиот колега потоа го сопнува и удира друг гостин одзади. Еден од присутните постојано се обидува да се заштити држејќи стол пред себе.

Тепачката наводно започнала откако неколку келнери оттурнале гостин по вербална расправија. Гостите потоа возвратиле и ги турнале келнерите, по што дошло до масовна тепачка, објави Дејли Меил.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот